СОНК ќе ги разгледа денешните владини заклучоци, штрајкот во меѓувреме продолжува

1 min read

Синдикатот на образованието, науката и културата (СОНК) очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата во врска со генералниот штрајк на вработените во градинките, основните и средните училишта, по што ќе ги разгледа и ќе се произнесе по нив. Дотогаш, велат од СОНК, штрајкот на вработените во образованието и градинките продолжува.

– Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува, напиша на Фејсбук претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Владината прес-служба денеска соопшти дека Владата на седница ги задолжила министерствата за образование и наука, зa труд и социјална политика и за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за зголемување на платите на вработените во образованието и градинките за 10 проценти.
Владата го повика СОНК да го прифати ова покачување и, како што посочија од „Илинденска“, во интерес на децата да продолжи образовниот и згрижувачкиот процес.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Кој го измислил велосипедот?

Следно

Ослободени 76 Украинци во размена на затвореници со Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian