Синот на Кочо Анѓушев отвора свој моден бренд во центарот на Скопје

1 min read

Огнен Анѓушев, синот на бизнисменот и поранешен вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во интервјуто за Машки магазин откри дека лансира свој моден бренд.

Брендот кој е наречен „ZERO“ ќе нуди гардероба за жени, а неговата продавница ќе биде сместена во центарот на Скопје и своето отварање ќе го доживее на почетокот на наредниот месец.

Младиот Анѓушев ја потврди веста за влез во модниот пазар, а како што објасни, тој уште од мал имал пасија кон модата. Огнен во даденото интервју истакна дека и поради својата детска пасија завршил моден дизајн на престижниот италијански факултет „Институто Марангони“.

Огнен Аѓушев откри и дека на 21 година тој веќе е реализиран како татко, обожава да поминува време со своето семејство и пријателите и дека отсекогаш се трудел да изгледа добро, бидејќи облеката за него претставува еден вид на изразување.

Брендот „ZERO“ веќе можете да го видите на официјалниот профил на Инстаграм.

Фото: Инстаграм

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лапорта откри како 30.000 навивачи на Ајнтрахт влегле на „Камп Ноу“

Следно

Владата нема нов предлог до СОНК: Синдикатот да прифати покачување од 10 отсто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian