Се сеќавате на девојката која рече „Cash me outside?“ Купила вила вредна 6 милиони долари во готово

2 mins read

Даниел Бреголи, која се прослави пред четири години кога во емисијата на Др. Фил ја изговори сега веќе легендарната реченица: „Cash me outside, how bout dah?“, купила луксузна вила за 6,1 милиони долари во кеш.

Бреголи купила вила од 850 метри квадратни во населбата Бока Ратон на Флорида, која се наоѓа на имот кој има над 4.000 метри квадратни. Вилата е целосно реновирана во 2020 година, има седум спални соби, седум бањи и професионално опремена кујна, пренесува Unilad.

Има и џакузи и три огромни вградени плакари. 19-годишната Даниел ќе може да користи винарска визба и сауна, а за разонода ќе има просторија за билијард. На имотот има уште една помала двокатна зграда.

На почетокот на овој месец, Даниел објави фотографија на Instagram на која позира со Бентли пред нејзиниот нов дом. Порано живеела во соседството на новиот имот, но сега ја продава куќата за 3,67 милиони долари.

На OnlyFans, заработила 1 милион долари во првите шест часа

Изјавата на тинејџерката во емисијата Др. Фил ѝ донесе инстант слава. Клипот од шоуто на YouTube моментално има над 14 милиони прегледи, а таа потоа започна музичка кариера и отвори профил на OnlyFans, за кој рече дека „ѝ обезбедил доволно за да има за живот. Кога го велам тоа, мислам дека би можела да се пензионирам сега ако сакам“, додаде таа.

Тоа го потврдија и претставници на OnlyFans, кои претходно за PageSix изјавија дека заработила милион долари во првите шест часа од отворањето на профилот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милан на лето ќе има 300 милиони евра за трошење, прва мета е ѕвездата на Бенфика

Следно

Владата го разреши Јани Макрадули, повеќе не е генерален директор на Пошта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian