МЗТ Скопје се засили со нов Американец, Бре Ајви

1 min read

Американецот Бре Ајви (25, 191 см) е најновото засилување за четата предводена од тренерот Александар Петровиќ, кој ќе биде од голема помош во обидот на МЗТ Скопје Аеродром да се одбрани титулата во домашното првенство.

Станува збор за исклучително квалитетен кошаркар, добро познат на македонската спортска јавност, со оглед на одличните настапи во дресот на Академија ФМП, за која играше од почетокот на сезоната.

Ајви во домашното првенство во дресот на „академците“ од Кисела Вода одигра 20 меча со просек од 17 поени, 4,6 скока и 3,4 асистенции додека во Балканската лига (БИБЛ) на осум средби просечно реализираше 23,4 поени со 4,5 скока и 2,7 асистенции.

За Американецот ова е прва сезона во Европа, откако претходно одигра две сезони за Сан Хозе стејт универзитетот, каде што на 62 средби просечно реализирал девет поени со 2,6 скока и 2,9 асистенции.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ќе се отстрануваат хаварисаните возила во Аеродром – Христовски и Муцунски потпишаа договор

Следно

Џесика Симпсон ослабна 45 килограми: Ми беа потребни 3 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian