Милан на лето ќе има 300 милиони евра за трошење, прва мета е ѕвездата на Бенфика

1 min read

Лидерот во Серија А, екипата на Милан наскоро се очекува да добие нови сопственци кои планираат веднаш да потрошат 300 милиони евра за засилувања на екипата.

Инвестицискиот фонд од Бахреин „Инвесткорп“ се наоѓа пред купување на Милан, преговорите со актуелниот сопственик на „росонерите“, фондот „Елиот“’ се во завршна фаза и новите сопственици се очекува во наредните месец дена да го преземат клубот.

Според весникот „Газета дело Спорт“, новите сопственици планираат веднаш да обезбедат 300 милиони евра за засилувања за следната сезона во која очекуваат Милан да ја нападне и титулата во Лигата на шампионите

Прва мета на „росонерите“ е уругвајскиот репрезентативец Дарвин Нуњез кој настапува за Бенфика. Според тренерот Стефано Пиоли, Нуњез е идеалниот напаѓач на новиот Милан и тој треба да претставува замена за ветераните Златан Ибрахимовиќ и Оливија Жиру.

За да го обезбеди потписот на Нуњез, Милан ќе мора да плати најмалку 80 милиони евра, а весникот пишува дека одличниот напаѓач треба да добие петгодишен договор и плата од пет милиони евра по сезона.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведен скопјанец поради сомнение за сторено насилство

Следно

Се сеќавате на девојката која рече „Cash me outside?“ Купила вила вредна 6 милиони долари во готово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian