Ливерпул демонстрира сила против најголемиот ривал, 9:0 во двата дуели со Јунајтед

1 min read

Фудбалерите на Ливерпул славеа во најголемото англиско дерби со убедливи 4:0 против Манчестер јунајтед во заостанатиот натпревар од 30. коло и ја продолжија трката за шампионската титула.
Ливерпул со победата се искачи на првото место на табелата со 76 бода, два повеќе од Манчестер сити кој има натпревар помалку.

Иако станува збор за најголемото англиско дерби, Ливерпул ја демонстрира силата против десеткуваниот Јунајтед и оствари убедлив триумф. За тоа колку Ливерпул сезоната е надмоќен во однос на Јунајтед покажува податокот дека во двата дуели „црвените“ имаат гол разлика од 9:0.

„Црвените“ резултатот го отворија уште во петтата минута со голот на Луис Дијаз по асистенцијата на Мохамед Салах.

До крајот на првиот дел, Ливерпул постигна уште еден гол по најубавата акција на натпреварот. Жоел Матип го проигра Мане кој со одлично додавање го проигра Салах на кого не му беше тешко да го совлада Давид де Хеа.

Ливерпул во второто полувреме постигна уште два гола со кои дојде до убедлив триумф. Садио Мане во 68 минута зголеми на 3:0, додека конечниот резултат го постави Салах во 85 минута.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тренчевска: Покачување на платите во образованието од 18,4 отсто е преголемо во ваква криза

Следно

ВИДЕО | Стјуардеса од Србија покажа како изгледа лет во една од најскапите први класи во светот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian