Лапорта откри како 30.000 навивачи на Ајнтрахт влегле на „Камп Ноу“

1 min read

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта на прес-конференција објасни дека повеќе од 30.000 навивачи на Ајнтрахт биле на „Камп Ноу“ на реванш четвртфиналниот натпревар во Лигата на Европа, додека биле продадени 34.435 билети.

Според правилата на УЕФА, за гостинските навивачи се предвидени 5 отсто од капацитетот на стадионите, а управата на Барселона обезбедила пет илјади билети за германските навивачи.

Лапорта откри дека 1.500 билети се продадени на билетарницата на „Камп Ноу“, а 23.427 преку интернет, биле одбиени 27.000 навивачи на Ајнтрахт да купат влезните преку интернет системот.

Според претседателот на Барселона тоа го правеле преку групи за препродажба, а наводно имало и препродажба на претплатни билети. Иако каталонскиот клуб не ја соопшти точната бројка, се проценува дека биле продадени повеќе од седум илјади билети.

– Клубот не е виновен за тоа што се случи, но сепак е одговорен. Ова не смее да ни се повтори. Барселона не им продаде билети на Германците. Ќе има промени во иднина при купувањето на билети и мора да се знае кој влегува на нашиот стадион – рече Лапорта.

Лапорта истакна и дека побарале помош од каталонската полиција за да се запре препроджбата на билети во иднина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарската академската заедница смета дека односите со С. Македонија назадуваат

Следно

Синот на Кочо Анѓушев отвора свој моден бренд во центарот на Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian