Кумот на подиумот заигра со бојлерот, видеото е хит: „15 години гаранција“

1 min read

Виралното видео кое се прошири на Фејсбук прикажува необична сцена која се одвива на една венчавка во балканска држава, а која навистина ретко се гледа.

На подиумот на кој гостите се забавуваа и играа гордо пристигна и кумот носејќи бојлер, а потоа тој заигра заедно со бојлерот во рацете, најверојатно со цел сите гости да видат колку „скапоцен и уникатен“ подарок донел тој.

Видеото на Фејсбук собра повеќе од 14.000 лајкови и мноштво коментари.

Требало и вц школка да донесе, па када и мијалник, за бањата да биде целосна“, се пошегува еден во коментарите.

 

15 години гаранција“, додаде друг корисник на оваа социјална мрежа.

 

Ова постои само кај нас на Балканот“, гласи уште еден коментар на видеото.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Брејк на Ефес на стартот од плеј-офот, Олимпија не можеше да даде 30 поени за 30 минути

Следно

Тренчевска: Покачување на платите во образованието од 18,4 отсто е преголемо во ваква криза

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian