Какви политики ќе „трасира“ победникот од изборите во Франција кон Македонија?

4 mins read

Франција во недела гласа на вториот круг од претседателските избори. Според анкетите, актуелниот претседател Емануел Макрон е во мала предност во однос на противкандатот на екстремната десница Марин Ле Пен. Иако неизвесноста е голема, она што е актуелно во моментов во домашната јавност во очи на изборите за новиот шеф на Франција е дали ќе има промени во релациите на Париз кон Скопје но и дали би имало промени во правецот и ритамот во кој се движи Унијата во однос на политиката на проширување .

Домашните познавачи на меѓународната политка во своите видувања за престојниот втор круг од изборите во Франција за „Слободен печат“ анализираат дека случувањата со Украина, но и енергетскта и финансиската криза во моментов во Европа го прави Париз непредвидлив во политиките кои може да следат по изборите.  Сепак, според нив, победата на Макрон ќе допринесе за стабилизирање на Унијата и продолжување на евроинтегративните политики на Брисел кон регионот.

Поранешниот амбасадор, Огнен Малески, коментирајќи ги очекувањата од изборите во Франција , објаснува дека моменталната состојба во Унијата претставува една сива зона, која, за жал, сѐ уште не ни ги исцртува јасно контурите на случувањата во ЕУ.

– Ефектите од резултатите од изборите во Франција може да донесат сериозни промени во земјата и ЕУ. Иако Македонија и Балканот не е тема околу која се кршат копјата кај претседателските кандидати, генерално гледано земјите од опкружувањето може индиректно да ги почуствуваат евентуалните промени во „кормилото“ на Париз – вели Малески.

Огнен Малески

Во однос на тоа дали би имало промени во релациите на Франција кон Македонија и политиките на проширување на ЕУ,  Малески коментира дека во принцип не се очекуваат некои големи промени во односите меѓу двете земји и политиките.

– Мислам дека она што со сигурност можеме да кажеме е дека евентуалната победа на Марин Ле Пен, иако според мене е малку веројатна, ќе донесе неизвесности во самата Франција, ЕУ и тоа ќе го тангира и регионот во фазата на интеграција на земјите кандидатки за членство во ЕУ. Оттука многу е важно дека ние треба да продолжиме со истиот правец на кроење на евроинтегративните политики без оглед на тоа кој ќе седне во Елисејската палата – резимира Малески.

Од друга страна, поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин вели дека за нашите европски перспективи, Макрон е подобра опција во моментов да победи.

– Големите држави многу ретко ги менуваат своите политики, но сепак Марин Ле пен во својата програма истакна дека мора да ја подобри куповната моќ на Французите, а тоа асоцира на Трамп кога го употребуваше слоганот „Америка на прво место“ пред изборите во САД. Тоа значи дека доколку победи таа, Ле пен ќе се преиорентира на домашните проблеми и економија и ќе го намали придонесот во ЕУ и НАТО. Со ова проширувањето на ЕУ ќе биде ставено во втор или трет план – оценува Ружин.

Нано Ружин

Поранешниот амбасадор додава дека за нас како држава е многу поисплатливо да победи Макрон, бидејќи според него францускиот претседател има грижа на совест бидејќи тој го измисли новиот систем на методологија за проширување на ЕУ , политики кои сега тој ќе сака да ги оправда кон Македонија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Би-Би-Си“ го нарече ајварот балканскиот кавијар: Чиј е оригиналниот рецепт?

Следно

Запленет руски танкер во Грција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian