Грција заплени руски танкер како дел од санкциите на ЕУ против Русија

1 min read

Грчкото министерство за поморство соопшти дека заплениле руски нафтен танкер кај островот Евија во рамки на санкциите на Европската Унија против Русија, јави Катимерини.

Бродот „Пегаз“ со 19 руски членови на екипажот, беше запленет од грчката крајбрежна стража во близина на Каристос на јужниот брег на Евија, кој се наоѓа веднаш до грчкото копно во близина на главниот град Атина.

Руската амбасада во Грција соопшти дека е во контакт со грчките власти и бара објаснување за запленувањето на рускиот танкер.

Официјален претставник на Министерството за поморство претходно изјави дека бил запленет „како дел од санкциите на ЕУ“, додека официјален претставник на крајбрежната стража рече дека товарот со нафта на бродот не бил конфискуван.

„Бродот е запленет во рамки на санкциите на Европската Унија“, наведе службеник на грчкото министерство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ограбено возило на трговски дистрибутер на роба

Следно

ФОТО | Животот на вистинската Покахонтас: Прифатила христијанство и станала Ребека

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian