ФОТО | Пластичните операции ме уништија, никој не ме препознава! Актерката од „Валканиот танц“ не личи на себе

3 mins read

Актерката и писателка Џенифер Греј (62), којa филмот „Dirty Dancing“ ја претвори во ѕвезда, се присетила на својата операција на носот за која зажалила, но и за односот со починатиот актер Патрик Свејзи. Иако во филмот изгледаа како идеална двојка, меѓу нив постоеле тензии и несогласувања.

Нејзината мајка, која исто така била актерка, уште од мала ја убедувала да го оперира носот, бидејќи сметала дека ќе биде многу полесно да се добијат улоги доколку изгледа како класична убавица. По нејзината втора операција актерот Мајкл Даглас не ја ни препознал, пишува „Пипл“.

– Разбирам дека беа во педесеттите години. Разбирам дека моите родители се приспособиле (го оперирале носот). Сфатив дека мораш да го смениш името и мораш да правиш одредени работи, и тоа е едноставно нормализирано, нели? Не можеш да бидеш хомосексуалец. Не можеш да бидеш Евреин. Знаеш, не можеш да изгледаш како Евреин. Само се обидуваш да се вклопиш во она што го мисли групата – признала Греј.

Во младоста често се дружела и се забавувала со Енди Ворхол, кој еднаш ѝ рекол зошто и таа не го оперирала носот, како и нејзиниот татко, што Греј многу ја повредило.

– Тој рече нешто како, „И, знаете, кога и да ја погледнам Џенифер, се прашувам, знаете, зошто таа… Хм, нејзиниот татко го оперираше носот. Зошто не би се погрижил и таа да го оперира својот нос, или нешто слично. Каде и да одев велев: „Чекај. Извинете. Јас сум личност со други особини и други неверојатни карактеристики. Зошто сите се толку се запнавте за мојот нос? – се присетила актерката.

Во филмот „Dirty Dancing“, по кој се прослави, Џенифер глуми со Патрик Свејзи, а актерката признава дека не биле во добри односи за време на снимањето.

– На ист начин на кој Бејби и Џони не би требало да бидат заедно… требаше да бидат природен спој, зарем не? Ние не бевме природен спој. А, фактот што требаше да бидеме природен спој создаде тензија – коментирала Греј, додавајќи дека иако цела Америка во тоа време сакала таа и Патрик да бидат заедно, тие едноставно не биле еден за друг.

Во тоа време, Џенифер била во врска со актерот Метју Бродерик (60), кој ја работел трилогијата „Torch Song“, веќе имал кариера и освоени награди.

– Можам да зборувам само за себе. Бев навистина вљубена во него. Бев со момче кое беше на врвот на кариерата – изјавила актерката.

Актерката вели дека оваа втора половина од нејзиниот живот е всушност и најдобрата досега и дека никогаш не се чувствувала поудобно во сопствената кожа.

– Само сакам да почувствувам која сум сега. Но, мислам дека кога ги прашуваш другите луѓе кој си и бараш од луѓето да те сакаат и ти го земаш нивното мислење како дефиниција за својата вредност, тоа е лизгав терен – признава актерката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Општина Карпош додели 110 хуманитарни пакети во пресрет на Велигден

Следно

Синдикатот задоволен од дијалогот со министерката Петровска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian