Црна Гора објави дека ги прекина дипломатските односи со Русија, па се предомисли: Извинете за грешката

1 min read

Црна Гора се извини за погрешното известување за прекинот на дипломатските односи со Русија, пренесува руската агенција ТАСС.

Руската амбасада во Црна Гора вчера објави дека испратила предупредување до црногорското МНР, барајќи појаснување на твитот во кој се наведува дека министерството ги прекинува дипломатските односи со Русија.

„Ѝ се извинуваме на јавноста за сериозната грешка во претходно објавениот извештај во кој погрешно е наведено дека голем број санкции се имплементирани наместо само да бидат споменати“, соопшти прес-службата на Министерството.

Вчера руската амбасада во Црна Гора за ТАСС изјави дека е испратено предупредување до Министерството за надворешни работи на земјата во кое бара објаснување за објавата на Твитер во која се тврди дека црногорското министерство ги прекинува дипломатските односи со Русија.

Претходно, Министерството за надворешни работи издаде соопштение од министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ, во кое најави прекин на дипломатските односи со Русија, но твитот беше отстранет неколку часа подоцна.

Според извештајот, Радуловиќ ги повикал црногорските државни институции да ги спроведат „ограничувањата наметнати од владата против Русија“ на состанокот за употребата на антируски санкции поради конфликтот во Украина. Црногорското МНР го коментираше твитот објавувајќи список на мерки наредени од владата, вклучувајќи „прекин на дипломатските односи, целосно или делумно прекинување на економските односи“ и контакти меѓу логистиката, поштите меѓу двете земји и други служби.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џозеф Кан е новиот извршен уредник на Њујорк тајмс 

Следно

Брејк на Ефес на стартот од плеј-офот, Олимпија не можеше да даде 30 поени за 30 минути

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian