Кошаркарите на Анадолу Ефес на стартот од четвртфиналната плеј-оф серија во Евролигата направија брејк во дуелот со Олимпија Милано.
Актуелниот европски шампион кој во плеј-офот влезе од шестата позиција, во Милано славеше над Олимпија со 64:48 притоа демонстрирајќи одлична игра во одбраната. За тоа колку добро одиграа кошаркарите на Анадолу Ефес најдобро покажува податокот дека Олимпија дури во 28 минута го постигна 30 поен.
Најдобри во редовите на Анадолу Ефес беа Василије Мициќ и Шејн Ларкин со по 16 постигнати поени, додека кај Олимпија Милано единствен кој даде двоцирен број поени беше Николо Мели со 10 постигнати поени.
Вториот натпревар во серијата ќе се игра в четврток во Милано.