Анкета во Бугарија : На евентуални предвремени избори, ГЕРБ на Борисов би добила најмногу гласови

2 mins read

На евентуални предвремени избори во Бугарија, ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов би била прва политичка сила со 21,7 отсто пред „Продолжуваме со промената“ на премиерот Кирил Петков, која би добила 18,4 отсто, покажува анкетата што ја спроведе агенцијата „Алфа рисрч“, јавуваа бугарските медиуми.

Трета политичка сила, според анкетата, би била Бугарската социјалистичка партија со 10,2 отсто поддршка, а нејзината лидерка Нинова има поддршка од 18,3 отсто. Во исто време Движењето за права и слободи ужива 7,6 отсто доверба.

Има таков народ, кој е коалициски партнер, забележува пад во поддршката, па така партијата на Слави Трифонов има 4,5 отсто поддршка, или 2,1 отсто помалку од анкетата во февруари. Трифонов ужива поддршка од 13,5 отсто од Бугарите.

Поради внатрешно-политичките проблеми во првите 100 дена од владејачката коалиција во Бугарија, личниот рејтинг на премиерот Кирил Петков падна од 39 проценти на 22,5 отсто, но тој и натаму ужива најголема поддршка меѓу партиските лидери во Бугарија. Исто така довербата во бугарската влада падна од 39 отсто во февруари на 19 отсто во април.

Во меѓувреме по објавената анкета на агенцијата „Алфа Рисрч“, според која владејчката партија на премиерот Кирил Петков доколку би се одржале изборите во земјата се оцени дека би била втора политичка сила во земјата, а прва би била ГЕРБ, денеска бугарските медиуми објавуваат нова студија на истражувачкиот центар „Тренд“ за весникот „24 часа“ според која се потврдува намалувањето на поддршката за „Продолжуваме со промените“, јави БГНЕС.

Освен ова, други заклучоци од истражувањето на „Тренд“ се дека партијата „Преродба“ бележи раст втор месец по ред, дека повеќе од половина од Бугарите веруваат дека владата ќе издржи цел мандат и дека 47 отсто се со став дека предвремени парламентарни избори не се потребни.

Според ова истражување, позитивната оценка за работата на парламентот имаат 24% од сите испитаници, додека негативната оценка се искачи на 66%. Владата, исто така, забележа благ пад во поддршката од 29% минатиот месец на 27% сега, а негативните оценки, исто така, забележаа минимален пораст од 56% во март на 58% во април.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Злоупотреба на службена должност во Управата за водење на матични книги

Следно

ВИДЕО | Апсолутно симпатично: Адријана Лима го откри полот на бебето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian