Владата ќе аплицира за макрофинансиска поддршка од ЕУ

1 min read

Владата на денешната 39-та седница, којашто се одржа преку видеоконференциска врска, ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од користење на Макрофинансиска поддршка (МФП) од Европската Унија за држави кои не се членки на Унијата.

Владата го задолжи Министерството за финансии во рок од 7 дена да испрати до Европската Комисија писмо за формално барање за користење на Макрофинансиската поддршка од Европската Унија.

МФП е наменета за земји кои географски, економски и политички се блиску до ЕУ, вклучувајќи ги земјите кандидати, потенцијалните кандидати за членство во ЕУ, како и земјите кои се граничат со ЕУ, односно сите земји опфатени со Европската соседска политика, а во одредени околности и други трети земји и има за цел да помогне на земјите апликанти за оваа финансиска поддршка во враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба, истовремено поттикнувајќи ги економските прилагодувања и структурните реформи и е наменет како дополнување на финансирање претходно одобрено од ММФ, објаснуваат од Владата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Американец го тужел шефот затоа што му приредил забава: Доби 450.000 долари отштета

Следно

Пахор: Словенија ја поддржа европската перспектива на Западен Балкан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian