Видео: Радишани доби ново кошаркарско игралиште

1 min read

Радишани доби ново кошаркарско игралиште кое ќе биде наменето за над 850 основнци, но и за сите граѓани на Општина Бутел.

Новото кошаркарско игралиште е со специјална FIBA подлога и сертифицирани FIBA кошеви и е лоцирано во дворот на општинското основно училиште “Ацо Шопов”.

-Она што пред само неколку месеци беше даден збор, денес е стварност a ветувањето е реализирано.Тоа што беше обичен бетон, запуштено и уништено игралиште сега прерасна во ултра модерно кошаркарско игралиште со врвна FIBA опременост. Го менуваме ликот на Општина Бутел. Модерна, современа, урбана Општина Бутел за сите граѓани, порача градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Шангај: Тројца починати од последици од Ковид-19

Следно

ВИДЕО + ФОТО | Десетина лица повредени од експлозија во Истанбул

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian