ВИДЕО + ФОТО | Десетина лица повредени од експлозија во Истанбул

1 min read

Светските медиуми јавуваат дека најмалку десетина лица се повредени, а три станбени згради се евакуирани откако утринава во 8:30 часот по локално време се слушнала експлозија во областа Бејоглу во Истанбул.

Според извештаите, утврдено е дека експлозијата се случила под земја од засега не јасни причини, поради што во воздух одлетале неколку капаци од шахти. Според првичните информации наводно причина за експлозијата е краток спој на подземни кабли за струја со инсталација за гас.

Медиумите јавуваат дека густ чад се забележувал веднаш по експлозијата, а пожарникарите наредиле евакуација на станарите во повеќе блокови во тој дел од градот а заради превенција исклучена е и струјата во повеќе делови од градот.

 

– Видовме дека нешто чади, а потоа одекна експлозија. Се виде чад како се шири и во становите. Кај нас имаше во бањата и кујната, вели Мустафа Ајас, еден од станарите кој бил евакуиран.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Видео: Радишани доби ново кошаркарско игралиште

Следно

Мојсовски: Нашата репрезентација има сѐ што е потребно за да нѐ прави горди!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian