Украинско МО: Руските сили се обидуваат да влезат во Херсон

1 min read

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека се очекува борбите да продолжат и дека руските сили ќе се обидат да влезат во Херсон.

„Вкупно 87 баталјонски тактички групи на противниците се вклучени во составот на воените задачи на територијата на Украина“, објави Министерството на Фејсбук.

Од украинското МО посочуваат дека Русите не запираат со гранатирање и ракетирање на клучните инфрструктурни објекти.

Тие наведоа и дека имало 12 непријателски напади вчера и дека украинските сили успеале да уништат 10 руски тенкови.

kurir.mk

Претходно

ИКОМОС ќе го одбележи Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите

Следно

Вучиќ: Доколку опозицијата инсистира, ќе предложам нови градски избори во Белград

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian