Тренд на тргување со нов благороден метал пристигна на Балканот

5 mins read

Во регионот станува актуелен трендот поврзан со инвестирањето и трговијата со највредниот благороден метал на планетата – осмиумот

Во минатото, благородните метали главно се користеле како валута а денес, тие се високо ценети како инвестиции и индустриски артикли. Најновиот тренд кој пристинга во регионот е поврзан со инвестирањето и трговијата со највредниот благороден метал на планетата во моментов е осмиумот.

Еден грам осмиум чини 1.700 евра, односно 30 пати повеќе од истото количество на злато. Во нашиот регион овој благороден метал пристигна пред неколку години. Тој се изработува од платина, а потоа со специфична обработка добива висока густина во налик на дијамантите.  Осмиумот според вредноста станува интересен за инвестирање исто како златото и сребро на Балканот.

Во изјава за српските медиуми Љубе Јакиќ кој е пионер во трговијата со овој благодарен метал истакнува дека новиот тренд за инвестиции станал актуелен во светот и на Балканот токму поради недостатокот на златото на светските берзи.

– Залихите на овој метал на планетата се исклучително мали или во споредба тие се 2.500 пати помали од светските залихи на злато а изминативе години неговата вредност на пазарот скокна околу 500 проценти – вели Јакиќ.

Тој објаснува дека во моментов, овој метал се преработува само во една лабараторија во светот, лоцирана во Швајцарија во комплициран процес кој може да трае со месеци во кој планината на температури повисоки од 3.600 степени се преработува во прав.

Осмиумскиот диск од 17,5 грама во моментов вреди повеќе од 30.000, а лани неговата цената изнесувала 26.000 евра. Металот е во форма на крст.

– Овој бизнис во Србија е во зародиш, но секако тој со сигурност ќе прерасне во инвестициска битна тема во иднината – вели Јакиќ.

Тој објаснува дека за девет години цената на златото пораснала за 96 отсто, односно цената скокна во просек за 12 отсто годишно.

– Во истиот период, осмиумот поскапува три пати а неговата вредност е речиси 300 отсто поголема. Освен тоа, нема доволно злато, го има се помалку во светот. Еден месец чекаме испорака на злато од Австрија каде се познати леарниците. Во светот има вкупно околу 60 сертифицирани леарници за инвестициско злато, двојно повеќе од пред две децении. Сето ова сведочи за експанзијата на овој метал како средство за инвестирање – објаснува Јакиќ.

Како што вели експертот, се повеќе луѓе стануваат свесни дека парите губат вредност и дека треба да се штеди во благородниот метал, а не во хартијата. Јакиќ вели дека е профитабилно да се заштеди во осмиум, чија вредност, за разлика од златото или криптовалутите, никогаш не опаднала.

Кои се разликите помеѓу обичната берза и берзата на благородни метали ?

Скапоцените метали се стоки, физички метални производи за разлика од обичните акции кои што се во дигитална форма. Овие две берзи не се поврзани. Двете се целосно посебни ентитети што не влијаат еден на друг во однос на перформансите или вредноста. Инвеститорите не можат да тргуваат со физички благородни метали бидејќи не се наоѓаат на берзите. Историски гледано, пазарите на скапоцени метали се движат во спротивна насока како берзанскиот пазар, давајќи им на инвеститорите одржлива опција во случај пазарот да е слаб.

Во светот на скапоцените метали, постојат неколку опции за избор. За разлика од акциите, постојат четири главни метали во кои најчесто се инвестира: злато, сребро, платина и паладиум и сега осмиумот. Дури и меѓу различните благородни метали, постојат секундарни пазарни метали што можат да дејствуваат како тампон во случај цената на златото, цената на сребро или платината да се намалат под стандардите за изведба. Овие секундарни пазарни производи имаат тенденција да носат пониски премии и на тој начин носат помал ризик доколку падне цената на најтргуваните метали.

Скапоцените метали не се врзани за компанија или ентитет. Перформансите во драгоцените метали се засноваат исклучиво на општествените фактори, политичките фактори и на понудата и побарувачката на металите, а не на начинот на којшто компанијата или ентитетот функционира како целина.

Големото зголемување на цените на благородни метали на крајот на 21-от век ги охрабри многу претпријатија да тргуваат со нив на светските берзи.

За потсетување и македонските банки пред неколку години добија лиценца за тргување со благородни метали.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Двајца возрасни и двајца малолетници повредени во сообраќајка во Скопје

Следно

ВИДЕО: Злато за Алексовска на интернационалниот џиу-џицу турнир во Софија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian