Стар народен лек од две состојки кој го крепи телото: Ова е рецептот за челичен имунитет!

2 mins read

Оваа мешавина долго време се користи за спас од настинки, воспаленија и вируси …

Кашлицата никогаш не се смирува, дали се изморивте од себеси затоа што постојано сте болни? Пробајте го сирупот од мед и борови иглички, кој долго време се смета за спас при настинки.

Комбинацијата на овие иглички со мед е добра за респираторни проблеми, настинката, кашлицата, го зајакнува имунитетот и му помага на телото да се справи со секојдневните предизвици. Сирупот можете да го најдете во подобро снабдени продавници за здрава храна, но можете и сами да го направите брзо и лесно.

За почеток ви требаат иглички од смрека, бор или ела и мед, но никако не употребувајте други иглички од зимзелените дрва, бидејќи некои како тујата содржат и отровни елементи.

Оваа смеса помага при настинки, а особено е ефикасна за болки во грлото. Покрај тоа, таа ќе го зајакне телото, па ќе имате повеќе сила за сите активности.

Затоа, со првите убави денови, штом ќе никнат младите гранчиња од овие зимзелени дрва, наберете ги нивните иглички, или пак купете ги од локалните билкари. Во добро измиена и исушена тегла сипете еден слој мед, па слој иглички, па постапката повторувајте ја се додека не ја наполните теглата до врвот.

Теглата држете ја затворена 40 дена со цел состојките да ги разменат своите сокови. Потребно е да ја протресувате нежно тегличката секој ден. Потоа земајте по две лажици дневно и оваа златна комбинација чувајте ја во фрижидер.

И при најмал здравствен проблем, не заборавајте најпрвин да се консултирате со вашиот доктор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ: Целта ми е да го одбранам трофејот на „Ролан Гарос“

Следно

Дескоска: Правда не даде согласност за името „Ванчо Михајлов“, не постои регистар на историски личности

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian