Ѓоковиќ: Целта ми е да го одбранам трофејот на „Ролан Гарос“

2 mins read

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека целта му е подобро да се подготви за одбрана на тронот на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ во Париз, Франција.

– Секој момент го користам за тренинзи за да бидам физички подготвен за продолжението од сезоната. Не бев подготвен за Монте Карло. Се надевам дека ќе одиграм мечеви тука во Белград на „Србија опен“. Земјата е специфична, бара многу тренинг. Очекувам поддршка од трибините, се надевам дека ќе го имам ветерот во грб. Ролан Гарос е мојата најголема цел, размислувам за тоа. Сакам да ја освојам титулата овде, тоа е мојата амбиција, но одиме од ден на ден – рече Ѓоковиќ.

Првиот светски рекет секој момент се труди да го зголеми нивото на физичка подготвеност за да го подобри телото за предизвиците што следат на земјена подлога.

Тој рече дека сака да го освои турнирот во Белград.

– Се чувствувам добро, исклучително ми е драго што играм овде. Она што ми треба е повеќе мечеви, да го подигнам нивото на тенисот. Претходните искуства ни помогнаа овој турнир да изгледа уште подобро сега. Сакаме сите овде да се чувствуваат добро. Условите овде се одлични, има многу терен, теретана, салон, имаме малку простор, но сите се презадоволни. Се надевам дека времето ќе нè послужи и дека ќе нè стопли сонцето. Имаме простор за напредок и се надевам дека наскоро ќе успееме да преминеме од турнирот 250 на АТП 500 – вели Ѓоковиќ.

Иванишевиќ смета дека Новак направи една грешка на ЛОИ во Токио

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Москва протера неколку вработени во бугарската амбасада

Следно

Стар народен лек од две состојки кој го крепи телото: Ова е рецептот за челичен имунитет!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian