Ѓоковиќ ја започна 366 недела на врвот на АТП листата

3 mins read

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ и покрај раната елиминација на Мастерсот во Монте Карло, го задржа првото место на АТП листата.

Српскиот ас ја започна 366 недела на врвот, моментно има 8,340 поени, пред второпласираниот Данил Медведев од Русија.

Следуваат Александер Зверев, четвртопласиран е Рафаел Надал, на петтата позиција е Стефанос Циципас кој ја одбрани титулата во Монте Карло.

Топ 5 АТП:

1. Новак Ѓоковиќ 8,340 поени
2. Данил Медведев 8,230
3. Александер Зверев 7,465
4. Рафаел Надал 6,935
5. Стефанос Циципас 5,980

Во Топ 10 се наоѓаат уште Матео Беретини, Каспер Руд, Андреј Рубљов, Феликс Оже Алијасим и Камерон Нори.

Ѓоковиќ пред неколку дена дозна дека сигурно ќе биде прв барем до 9 мај, што значи дека и следните две недели би можел да биде најдобар играч на светот и дека неговиот рекорд на врвот на АТП ќе биде најмалку 368 недели.

За да има поголема предност, Ѓоковиќ ќе мора да има одличен настап на турнирот „Србија опен“ во Белград. Веќе знаеме дека следниот понеделник ќе ја зголеми предноста пред Медведев, кој извесно време нема да игра поради повреда. Причина за тоа е што следниот понеделник, 25 април, Медведев ќе загуби 150 бода, а Новак само 90. Така, предноста на Ноле во најлош случај ќе биде 170 бода на следната АТП листа.

Но, бидејќи Новак оваа недела игра во Белград, со освојување на трофејот би можел да освои уште 250 поени, па во идеалното сценарио би можел да биде пред Медведев со 520 поени разлика и да го „заокружи“ салдото на вкупно 8.500 поени.

На женската ВТА листа првопласирана е Ига Швјонтек од Полска со 6,711 поени, пред Барбора Крејчикова од Чешка на второто место, а трета е Паула Бадоса (Шпанија).

Иванишевиќ смета дека Новак направи една грешка на ЛОИ во Токио

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ: Ништо не бараме од Македонците, само да бидеме пријатели и браќа

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Андреа со одлична изведба и монохроматска модна комбинација во Шпанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian