НБА лигата ги објави тројцата кандидати за МВП титулата

1 min read

Познати се имињата на тројца кошаркари кои се борат за признанието – најдобриот играч во регуларниот дел од сезоната.

НБА лигата објави дека во трка се Никола Јокиќ (Денвер нагетс), Џоел Ембид (Филаделфија сиксерс) и Јанис Адетокумбо (Милвоки бакс).

Во наредните денови се очекува прогласување на најдобриот играч, како и доделување на наградите во другите категории.

Според сите прогнози, најголеми шанси за МВП признанието има српскиот кошаркар во дресот на Денвер.

Последните коефициенти на обложувалниците велат дека Јокиќ е апсолутен фаворит. Шансите на Србинот за триумф се проценети на 78%, Ембид има 12%, а Јанис остана на 10%.

Потсетуваме, центарот на Денвер минатата сезона ја освои титулата МВП, а доколку успее да ја одбрани, тоа би било неверојатно достигнување.

ВИДЕО: Навивачка се заврза за кош во Мемфис

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Актуелните правила за патување во Грција продолжени до 1 мај

Следно

ФОТО | Рај за инфлуенсери: Модата на музичкиот фестивал „Coachella“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian