Москва протера неколку вработени во бугарската амбасада

1 min read

Москва протера неколку претставници на бугарската амбасада како одговор на протерувањето на руските дипломати од Софија во март.

Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, нотата за протерување на неколку вработени во бугарската амбасада денеска му била предадена на вонредниот и ополномоштен бугарски амбасадор во Руската Федерација Атанас Кристин.

Се додава дека оваа мерка е одговор на „немотивираната” одлука на бугарската страна во март годинава да прогласи десет дипломати на руската амбасада во Софија за непожелни лица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Скопје приведен тетовец осуден на три и пол години затворска казна

Следно

Ѓоковиќ: Целта ми е да го одбранам трофејот на „Ролан Гарос“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian