Мојсовски: Нашата репрезентација има сѐ што е потребно за да нѐ прави горди!

1 min read

Македонија го продолжува редовното учество на Светските првенства (шесто по ред, вкупно осмо),  нашите најдобри ракометари преку Чешка во Скопје успеаја да се пласираат на Мундијалот кој ќе се одржи во 2023 година.

Своите ривали на СП нашата најдобра селекција ќе ги дознае со жрепка која ќе се одржи на 2 јули во Катовице, Полска.

Поранешниот македонски репрезентативец и сегашен директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски исто така им честиташе на македонските ракометари:

– Браво за нашите македонски ракометари! Извонредна игра со која Македонија ја носат на светско првенство! Ова е огромен успех за сите! Тимска работа, посветеност и љубов! Нашата репрезентација има сѐ што е потребно за да нѐ прави горди – стои во објавата на Мојсовски на Фејсбук.

За пласманот на СП 2023 се очекува Ракометната федерација на Македонија да ги награди репрезентативците со премија од 50.000 евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО + ФОТО | Десетина лица повредени од експлозија во Истанбул

Следно

Александра Илиева: Саксофонот е продолжение на моето тело

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian