Мицкоски: Срамни се владините притисоци врз наставниците

2 mins read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска, запрашан околу влошувањето на реториката меѓу Владата и СОНК и одбивањето на предлогот за покачување на платите од десет отсто, рече дека „она што го понуди Владата е да продолжи да краде и ненаменски да ги троши парите на граѓаните, затоа усмено и без никаков писмен договор нуди зголемување на платата на наставниците и вработените во градинките“.

„107 проценти отприлика е некаде поскапувањето на зејтинот, отприлика 80-тина проценти поскапени се бензините и нафтата, 70-тина проценти брашното, 30-тина проценти за домаќинствата струјата, а за компаниите 300 проценти, можеби и повеќе. Она кое што го понуди Владата е да продолжи да краде и да ги троши ненаменски парите на граѓаните и понуди, како што можев да разберам, усмено 10 проценти зголемување на платата на наставниците и вработените во градинките без да има писмен договор, после некаков ребаланс на буџет кој што никој не знае кога ќе се случи и дали воопшто ќе се случи“, посочи Мицкоски.

Тој додаде дека Владата, „наместо да работи на стандардот на наставниците кои ги воспитуваат новите генерации, дополнително создава тензија и ги прави да се чувствуваат некомотни во сопствената држава“.

„Така што срамно е однесувањето на Владата. Истата оваа влада ќе ве потсетам во 2015 година, поранешната министерка за труд и социјална политика и образование Мила Царовска од говорницата на СДСМ држеше прес конференции и велеше дека е загарантирано со Устав правото на штрајк на вработените во образованието и во градинките. Така што срамно е однесувањето на оваа влада. Наместо да работи на стандардот на тие кои што ги воспитуваат нашите деца, кои што ги гледаат нашите деца да ги мотивира, таа дополнително создава тензија и создава револт и дополнително ги прави овие луѓе да се чувствуваат некомотни во сопствената држава. Уште еднашка покажува оваа влада предводена од нелегитимен премиер дека за едни е мајка, а за други за жал маќеа“, потенцираше Мицкоски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Добриот дух и енергијата не го напуштиле: Ентони Хопкинс (84) танцува за своите следбеници

Следно

Украина од меѓународните партнери ќе добие 500 милиони долари финансиска помош

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian