Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски како гостин пристигна светскиот шампион во бодибилдинг Михал Крижанек.
Словакот притоа ги одмери силите со претседателот Пендаровски во дисциплината „туркање на рака“.
-Нерешено со светскиот шампион во бодибилдинг Михал Крижанек од Словачка. Имав можност да го сретнам за време на неговиот престој во Скопје, како почесен гостин на Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија, во рамки на меѓународниот натпревар во бодибилдинг, објави претседателот Пендаровски на својот Фејсбук профил и сподели фотографии од оваа средба.