ФОТО | Макрон разголен како Шон Конери: Холивудска тактика за да допре до младите гласачи?

1 min read

Официјалниот фотограф на францускиот претседател Емануел Макрон објави серија фотографии „зад кулисите“ пред вториот круг од гласањето за претседателските избори што се одржуваат во Франција.

Така, на една од објавените фотографии, Макрон може да се види како лежерно седи на софата, со засукани ракави, со раскопчана кошула, откривајќи ги влакнестите гради.

Фото: Профимедиа

На овие фотографии, францускиот претседател потсетува на Џејмс Бонд, односно на актерот Шон Конери, но и на холивудската ѕвезда Барт Рејнолдс – и двајцата се познати по своите бујни влакна на градите.

Шон Конери / Фото: Профимедиа
Барт Рејнолдс / Фото: Профимедиа

Некои корисници на социјалните мрежи го споредија Макрон со тенисерот Роџер Федерер и неговите влакнести гради.

Роџер Федерер / Фото: Профимедиа

В недела, на 24 април, Макрон ќе се соочи со десничарката Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори.

Французите избираат претседател

Макрон најави „зелена агенда“ ако пак победи на изборите

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓорѓиевски: Усје, Расадник и Драчево добиваат нови градинки

Следно

Охридското Езеро заматено, кај Грашница се влева канализациска цевка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian