Фернандеш доживеа сообраќајна несреќа пред дербито со Ливерпул

1 min read

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш во денешните утрински часови доживеал сообраќајна несреќа, јавуваат англиските медиуми.

Според информациите, португалскиот репрезентативец заедно со останатите учесници во сообраќајната несреќа избегнал сериозни повреди и се очекува попладнево да тренира со својот тим.

Според најавите тој и неговиот клуб утре од 21.00 часот на „Енфилд“ го очекуваат премиерлигашкото дерби со Ливерпул каде ќе се обидат да го изненадат својот најголем ривал.

Моментно во генералниот пласман „црвените ѓаволи“ се петтопласирани со 54 бодови, второпласираниот Ливерпул има 73, еден помалку од водечкиот Манчестер сити.

Фернандеш кој ја однесе Португалија на СП по победата над Македонија во баражот, сезонава во Премиер лигата досега има 30 настапи и девет голови.

Клоп не е сигурен дека Ливерпул ќе освои четири трофеи сезонава

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Британија во екот на украинската криза го вооружува Косово, Србија како неутрална е загрижена па купува оружје

Следно

ФОТО | По венчавката, Биба Додева објави прекрасна фотографија со сопругот

Latest from Blog

Перишиќ се сели во Лондон

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и тоа во екипата

MacedonianEnglishAlbanian