Двајца возрасни и двајца малолетници повредени во сообраќајка во Скопје

1 min read

Во СВР Скопје вчера во 22:45 часот било пријавено дека на улица „Христо Батанџиев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Д.Т.(30) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.Б.(37) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „фолксваген голф“, Г.Б.(35) од Скопје, а со телесни повреди се здобил И.Б., констатирани во Градска општа болница „8 Септември“.

Две малолетни лица, сопатници на И.Б., се здобиле со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

skopjeinfo.mk

Претходно

Oколу 200 илјади граѓани би можеле да останат бeз работа поради санкциите, вели градоначалникот на Москва

Следно

Тренд на тргување со нов благороден метал пристигна на Балканот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian