Дојави за бомби во четири трговски центри во Белград и Ниш, евакуирани над илјада луѓе

2 mins read

Трговските центри „Галерија”, „Меркатор” и „Рајиќева” во Белград и „Делта планет” во Ниш денеска се евакуирани поради дојава за бомба, пренесуваат српските медиуми.

Контрадиверзантските екипи се во трговските центри „Галерија”-(Белград на вода), „Меркатор” (Нов Белград) и „Рајичева” (најстрогиот центар на Белград), изјавија во Министерството за внатрешни работи.

Исто така, околу 14 часот нишката полиција добила анонимна дојава дека во трговскиот центар „Делта планет” била поставена бомба.

Трговскиот центар бил веднаш евакуиран. Во тек се увиди на објектите.

Украинското Министерство за надворешни работи денеска ги демантираше наводите за вмешаност на Киев во лажните закани со бомби на патничките летови од Белград до Москва по синќешната изјава на претседателот Александар Вучиќ за наводната вмешаност на Украина и една земја на ЕУ во заканите со бомби на авионите кои летаат од Србија за Русија

Портпаролот на министерството Олег Николенко за Укринформ изјави дека станува збор за „неосновани обвинувања”.

Николенко изјави дека изјавите на претседателот Вучиќ за наводната вмешаност на Украина во заканите со бомби на авионите кои летаат од Србија за Русија се „неточни” и дека е разочаран што Србија сè уште не се приклучила на санкциите на Европската унија против Русија.

-Војната можеме да ја завршиме со санкции и преку единство на демократскиот свет. Го повикуваме Белград да застане во одбрана на вистината и целосно да ја поддржи Украина и вредностите на кои се заснова обединета демократска Европа, порача Николенко.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

22-годишник спроведен во затвор за издржување казна

Следно

Готово: Тен Хаг ќе биде новиот менаџер на Манчестер јунајтед

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian