Дескоска: Правда не даде согласност за името „Ванчо Михајлов“, не постои регистар на историски личности

2 mins read

Универзитетската професорка и министерка за правда во времето кога било регистрирано здружението „Иван Михајлов“ во Битола, Рената Десковска, вели дека јавноста со право реагира, но исто така посочува дека министерството не издало такво одобрение и посочи токму на Минист

„Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар. Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш НЕ ДАЛО одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов“, вели Десковска, која го објави документот-одговор на барањето во министерството.

„Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган! Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на Законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име“, додава професорката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стар народен лек од две состојки кој го крепи телото: Ова е рецептот за челичен имунитет!

Следно

Пролетната акција на Град Скопје продолжува во Чаир

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian