Борис Џонсон неделава во посета на Индија

1 min read

Во услови на тековната руско-украинска војна, британскиот премиер Борис Џонсон ќе ја посети Индија оваа недела, соопшти индиското Министерство за надворешни работи.

Министерството соопшти дека Џонсон ќе ја посети Индија на покана на индискиот премиер Нарендра Моди, а премиерите ќе одржат интензивни консултации за време на дводневната посета.

„Индија и Обединетото Кралство уживаат долга и историска врска која беше издигната на сеопфатно стратешко партнерство за време на Виртуелниот самит меѓу Индија и Обединетото Кралство во 2021 година“, се вели во соопштението на Министерството.

Посетата на Џонсон доаѓа во време кога позицијата на Индија за војната во Украина доведе до бројни посети на високи функционери од целиот свет.

Откако Русија и објави војна на Украина на 24 февруари, Њу Делхи повика на мирно решение на кризата, но се воздржува од отворени критики за Москва.

Велика Британија, од друга страна, воведе економски санкции кон Русија, а исто така и испорачуваше оружје на Украина.

Тој в петок ќе се сретне со Моди во Њу Делхи, а разговорите ќе бидат фокусирани на одбраната и трговијата, пренесува Би-Би-Си.

Тоа ќе биде прво големо патување на Џонсон во Индија како премиер, откако претходните посети беа одложени поради пандемијата на Ковид.

kurir.mk

Претходно

Во Центар Жупа повторно не е избран градоначалник поради необезбеден цензус

Следно

202 санкционирани возачи во Скопје, 43 за брзо возење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian