Балканот се пребројува : Србија се подготвува за попис на населението

1 min read

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Србија, што поради епидемијата од Ковид-19 беше одложен за 2022 година, ќе се одржи во октомври, потврдија за Блиц во Републичкиот завод за статистика, јави МИА.

Блиц во денешниот број наведува дека по 11 години пописот ќе се одржи од 1 до 31 октомври и дека подготовките се во завршна фаза.

Нема да има онлајн попис, но за прибирање податоци за првпат место хартиени прашалници ќе се користат лаптопи.

Во октомври 2020 година беше најавено дека пописот треба да се спроведе во април 2021 година, кога беше одложен поради епидемијата на коронавирус, а новиот датум на пописот беше најавен за октомври 2021 година.

Оваа одлука беше донесена поради неповолната епидемиолошка состојба, која тогаш можеше значително да ги загрози подготовките и теренската реализација на Пописот 2021 година, како најкомплексно и најскапо статистички истражување.

Сепак, во април 2021 година беше објавено дека пописот на населението ќе биде во октомври 2022 година, исто така поради пандемијата на коронавирус.

Како што засега стојат работите, епидемијата на коронавирус засега нема да го одложи најавениот попис.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Некој упорно го уништува и нагрдува зеленилото во Скопје

Следно

Трите украински одбојкарки на Јанта волеј: Македонија ни е прекрасна, но срце нè боли за Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian