ВИДЕО | Украинка и Русин како бегалци се венчаа во Мексико

1 min read

Украинката Дарија Сахнјук и Русинот Семен Бобровски, баратели на азил во САД, се венчаа на мала церемонија во матичната служба на мексиканскиот пограничен град Тихуана.

– Многу сум среќен што запознав некои многу добри луѓе, кои ни помогнаа да организираме свадба овде во Мексико, во Тихуана – рекол Сахнјук, пренесува Би-би-си.

И двајцата живееле во Украина пред конфликтот и планирале да се венчаат во Киев, изјавиле за ТВ-Телемундо, пренесува британската мрежа.

– Многу сум среќна што запознав многу добри луѓе кои ни помогнаа да се венчаме во Мексико – изјавила Дарија.

По церемонијата, двојката го прославила 27-от роденден на Дарија на традиционален мексикански начин.

Според податоците на градскиот совет на Тихуана, двајцата дошле во Мексико пред две недели.

Семен не можел да побара азил во САД, поради имиграциското правило, според кое им е дозволено само на државјаните на Украина кои бегаат од конфликтот.

Сега кога Семен се ожени со Украинка, двојката се надева дека ќе им биде дозволено да влезат во САД и повторно да се настанат во Њујорк.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Навивачка се заврза за кош во Мемфис

Следно

До 13 часот во Центар Жупа 18,17 отсто излезност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian