ВИДЕО: Навивачка се заврза за кош во Мемфис

1 min read

Кошаркарите на Минесота тимбервулфс славеа со 130:117 на гостувањето кај Мемфис гризлис на стартот од плеј-офот во НБА лигата, а натпреварот го одбележа навивачка која се заврза за кош.

За време на втората четвртина, навивачката се заврза за кошот за да го изрази револтот против сопственикот на Минесота, Глен Тејлор. Додека редарите се обидуваат да го пресечат синџирот и да ја ослободат девојката, таа кон останатите навивачи фрлаше летоци.

Тоа е дел од кампањата за заштита на правата на животните и акцијата е насочена кон Тејлор поради самовното убивање на пилиња на фарма која е во негова сопственост.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковачевски: Очекуваме ист пристап и реципроцитет за бугарските граѓани со македонско самосознание

Следно

ВИДЕО | Украинка и Русин како бегалци се венчаа во Мексико

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian