ВИДЕО: Мајами без мака ја совлада Атланта

1 min read

Најдобриот тим во Источната конференција, Мајами хит со убедлив триумф над Атланта хоукс од 115:91 го започна настапот во разигрувањето за титулата во НБА лигата.

„Жешките“ беа подобар тим во текот на целиот натпревар, а притоа демонстрира дека одличнат игра во одбраната ќе им биде главниот адут во плеј-офот.

Најдобар во редовите на Мајами беше Данкан Робинсон кој за 23 минути поминати на паркетот постигна 27 поени притоа шутирајќи 8/9 за тројка. Него го следепе Џими Батлер со 21 постигнат поен додека кај Атланта се истакна Данило Галинари со 17 поени, додека првата ѕвезда на еккипата целосно потфрли, Треј Јанг за 28 минути на теренот постигна само 8 поени.

Следниот натпревар од серијата Мајами-Атланта е закажан за ноќта меѓу вторник и среда по средноевропско време и повторно ќе се игра на Флорида.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хорор во Хрватска: Полицаец и полицајка пронајдени мртви во стан

Следно

Поради болеста на Брус Вилис, неговата ќерка ја откажа венчавката: Сега дојде до пресврт…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian