ВИДЕО: „Кралски“ пресврт на Реал во Севиља

1 min read

Фудбалерите на Реал Мадрид со неверојатен пресврт ја совладаа Севиља со 3:2 во дербито на 32 коло на Ла Лига. Херој на Реал Мадрид беше Карим Бензема кој побединичкиот гол го постигна во 92. минута од натпреварот откако Севиља до 83. минута имаше предност од 1:2. Со новата победа, Реал Мадрид дојде на чекор до освојување на титулата бидејќи по 32 кола има 75 бода, дури 15 повеќе од Барселона која има два натпревари помалку.

Играчите на Севиља одлично го започнаа дербито и по 25. минути игра имаа водство од 2:0. Прво во 21. минута, Иван Ракитиќ погоди од слободен удар, а четири минути подоцна Ерик Ламела погоди за 2:0.

Но, во второто полувреме, фудалерите на Реал Мадрид го покажаа вистинското шампионско лице, постигнаа три гола и дојдоа до голема победа која ги приближи до освојување на титулата.

Прво во 50. минута Родриго намали на 2:1 по асистенцијата на Винисиус, а потоа во 83 минута Начо го израмни резултатот. Во последните моменти од натпреварот, „кралевите“ беа подобар тим и офанзивната игра им вроди со плод во 92 минута кога погоди Карим Бензема.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поради болеста на Брус Вилис, неговата ќерка ја откажа венчавката: Сега дојде до пресврт…

Следно

Кој се грижи за децата? Принцот Алберт е болен, принцезата Шарлин повторно побегна од Монако

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian