Уапсен осомничениот за пукањето во трговски центар, повредени 14 лица во Колумбија

1 min read

Полицијата во Колумбија, главниот град на американската сојузна држава Јужна Каролина, уапси 22-годишен маж во врска со пукањето во фреквентен трговски центар, во кое според последните податоци се повредени 14 лица.

Според началникот на градската полиција Скип Холбрук, еден од тројцата првично приведени во врска со случајот останува во притвор и се очекува да биде обвинет за нелегално носење пиштол.

– Не веруваме дека ова е несреќен случај. Мислиме дека се познавале и дека нешто довело до пукањето, рече Холбрук, додавајќи дека притоа се повредени 14 лица на возраст од 15 до 73 години.

Деветмина од нив се ранети од огнено оружје, а петмина се повредени при обидот да побегнат од трговскиот центар.

Едно 73-годишно лице е тешко повредено и ќе остане во болница, а останатите се полесно повредени.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Герасимовски: Во понеделник Кризниот штаб ќе носи одлуки за чистење на отпадот во „Треска“

Следно

Тен Хаг во Јунајтед го носи и капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian