СОНК продолжува со генералниот штрајк во образованието, соопштија попладнево од Синдикатот.
Образовниот кадар во основните и средните училишта, како и персоналот во градинките утре повторно нема да влезат во училниците иако министрите за образование, Јетон Шаќири, и за труд и социјална заштита, Јованка Тренчевска, апелираа наставата да продолжи за доброто на децата.
-Договор со Владата не е постигнат. За 95 отсто од членовите на СОНК не е прифатлива понудата од Владата за зголемување на платите од 10 отсто затоа што тоа е кажано усно и нема таква писменаа понуда. За понатамошното постапување СОНК повторно ќе се консултира со членството пред да биде донесена каква било одлука, изјави за Телма Лена Спасеновска Поповска.
Утре градинките ќе згрижуваат само деца чиишто родители немаат каде да ги згрижат, а настава во училиштата нема да има.