Поради болеста на Брус Вилис, неговата ќерка ја откажа венчавката: Сега дојде до пресврт…

3 mins read

По долго размислување, една од трите ќерки на Брус Вилис и Деми Мур, Талула Вилис, одлучила, сепак, да ја озакони својата долгогодишна врска и тоа додека нејзиниот татко, познатиот холивудски актер, сѐ уште е присебен.

Кон крајот на март, семејството на Брус Вилис го потврди она што се шпекулираше со месеци – на 67-годишниот холивудски актер му беше дијагностицирана афазија, поради што беше принуден да се пензионира како актер. Афазијата е стекнато губење или нарушување на говорот, говорното изразување или разбирање и е предизвикано од оштетување на мозокот, односно центарот за говор. Експертите велат дека најчесто се дијагностицира кај возрасни кои имале мозочен удар, но може да биде последица и на тумор на мозокот, инфекции, повреди на главата или разни форми на деменција.

Дека Вилис добро знаел дека дијагнозата не е добра, се потврди подоцна, кога се откри дека го продал својот имот, снимил голем број филмови, но и се преселил со сопругата Ема Хеминг и двете помали ќерки во Калифорнија за да биде блиску до своите три ќерки од бракот со Деми Мур.

А, токму една од ќерките, Талула, имала намера да ги промени плановите поради својот татко, а сега ја донела конечната одлука – ќе ја забрза организацијата на својата венчавка која имала намера да ја откаже поради болеста на Вилис.

За да може и тој да ужива првпат во венчавката на една од своите ќерки, Талула токму нему ги приспособила своите планови. Талула ќе се омажи за своето долгогодишно момче, 33-годишниот режисер Дилон Бус, а венчавката ќе се одржи порано од планираното и тоа сѐ за Брус Вилис да биде активен на нејзината венчавка.

Причината зошто Талула ги забрзала подготовките и не ја одложила венчавката, никого не оставила рамнодушен, а сѐ открил добро упатен извор:

„Тие донесоа заедничка одлука дека најважно им е и Брус да биде присутен, но и доволно здрав да ја однесе до олтарот“, рекол изворот.

Ова е важно и за актерот, кој сака да помине што е можно повеќе квалитетно време со семејството пред симптомите на афазија да станат посилни и да влезат во нова фаза.

Брус Вилис е тешко болен: Тажно е да се гледа легендата како се распаѓа пред вашите очи

Брус Вилис првпат во јавноста по откривањето на болеста: Фотографијата ја покажува вистинската состојба на актерот

Освен Брус Вилис, болеста афазија ги погоди и овие познати личности

Брус Вилис се повлекува од актерството поради тешка болест

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Мајами без мака ја совлада Атланта

Следно

ВИДЕО: „Кралски“ пресврт на Реал во Севиља

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian