Пирло се враќа на тренерската работа, има понуда од Португалија

1 min read

легендарниот италијански репрезентативец Андреа Пирло се наоѓа пред враќање на тренерската професија по отказот што го доби од Јувентус. Како што пишува португалска „А Бола“, претседателот на Брага, Антоно Салвадор, го контактирал Пирло и му го претставил новиот проект во кој сака токму Италијанецот да биде тренер на екипата.

Салвадор сака Брага да излезе од сенката на трите португалски гиганти Порто, Спортинг и Бенфика и планот е со неколку квалитетни засилувања во летниот преоден рок и со Пирло на клупата, екипата да се замеша во трката за титулата.

„А Бола“ пишува дека Пирло покажал интерес за проектот на Салвадор, но дека се уште не донел конечна одлука.

Пирло минатата сезона седеше на клупата на Јувентус, но губењето на титулата во Серија А значеше крај на соработката.

Од друга страна, Брага никогаш не била шампион на Португалија и најдобар пласман е второто место во сезоната 2009/10. Брата трипати го освои Купот на Португалија, двапати Националниот Лига Куп, а во 2011 година го играше во финалето на Лигата на Европа кога загуби од Порто.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јорданов: „Има таков народ” нема да дозволи тргање на ветото за Северна Македонија до крајот на француското претседателство

Следно

СОНК: Штрајкот ќе продолжи сѐ до постигнување договор со Владата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian