Лазаров крева рачна: Сега не е време за повлекување, 90 отсто се шансите на СП да ме гледате во тренерка

2 mins read

Иако сите очекуваа вечерашниот натпревар против Чешка да биде последен во репрезентацијата на Кирил Лазаров, тоа не се случи и од националниот дрес се прости само Филип Миркуловски. Лазаров кој има двојна функција во репрезентацијата, селектор и капитен вели дека сега не е време за повлекување.

– Ако се случеше и мое простување, тоа ќе беше притисок плус врз мене, па добро го истемпиравме сето ова. Јас и претходно реков не е време сега, има време за простувања, најважно беше да го задржиме континуитетот и тоа успеавме.

Деценија и повеќе сме на големи натпреварувања, имавме полна сала и таа традиција треба да ја негуваме. Полека излегуваме на површина, без разлика до мене и без мене, треба да градиме нова селекција зашто народот ја сака и ја почитува оваа репрезентација. Мислам дека треба да спаднат емоциите, да прославиме, но 90 проценти, па и повеќе, на Светско ќе ме гледате во тренерка! Треба човек да знае кога да се прости, кога е време за тоа, кога е на врвот. Јас кариерата и после тој ковид, ја продолжив за една година, само поради Македонија, моето искуство, но и на Жути придонесе ете да играме на уште едно Светско. Единствено јас тешко ја поминав таа повреда на Европско, мислев дека ако сме комплетни ќе можеме до подобар настап, но така едноставно требало да биде – рече Лазаров веднаш по натпреварот.

Македонија ќе игра на Светското првенство, Кузмановски ја урна Чешка во Скопје

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во пукање на грчко – турската граница загина мигрантка

Следно

ФОТО | Оваа оптичка илузија открива што ви е приоритет во љубовта: Добро погледнете ја фотографијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian