Кој се грижи за децата? Принцот Алберт е болен, принцезата Шарлин повторно побегна од Монако

2 mins read

Она за што цело Монако дебатира сега се прошири низ целиот свет – никој не знае кој се грижи за близнаците додека принцот Алберт е во саизолација, а принцезата Шарлин повторно ја нема никаде на повидок.

Пред неколку дена јавноста дозна дека принцот Алберт по вторпат се заразил со коронавирусот, поради што е во самоизолација, а каде повторно исчезнала принцезата Шарлин, никој со сигурност не може да каже. Во моментов нивните близнаци, седумгодишната принцеза Габриела и принцот Жак, не можат да сметаат на своите родители.

Од монегашката палата ја потврдија болеста на принцот, но открија и дека тој, бидејќи немал никакви симптоми, продолжил со своите обврски изолиран од сите. Она што никаде не се спомнува е дали близнаците Жак и Габриела се заразиле со коронавирусот, а не се споменува ниту принцезата Шарлин.

Принц Алберт и децата/Фото: Профимедиа
Принц Алберт и децата/Фото: Профимедиа

Токму поради тоа започна загриженоста, па не е чудно што многумина го поставуваат прашањето кој во моментот се грижи за близнаците додека нивниот татко е болен, а нивната мајка повторно е далеку од Монако.

Според некои гласини, Шарлин овој пат побегнала на Корзика, каде наводно во моментот престојува, поради што не може да се грижи ниту за своите деца.

Познато е дека во март 2020 година, кога принцот Алберт првпат беше заразен со коронавирусот, близнаците беа преместени во семејниот имот во Рок Агел, а додека нивната мајка прво престојуваше во Јужна Африка, а потоа на лекување во Швајцарија, во чување на близнаците се менуваа нивните тетки, принцезите Каролин и Стефани. Токму поради оваа причина се претпоставува дека и овојпат скокнале напомош.

ФОТО: Шарлин се врати дома: Пресреќна сум што го имам семејството покрај мене

Принцезата Шарлин веќе некое време не е видена во јавноста, а сега не се појави ниту на настан што никогаш не го пропушта

Принцезата Шарлин повторно го напушти Монако

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: „Кралски“ пресврт на Реал во Севиља

Следно

Остана Центар Жупа без градоначалник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian