Хорор во Хрватска: Полицаец и полицајка пронајдени мртви во стан

1 min read

Во стан во Иванец денеска се пронајдени две починати лица, маж и жена, информираат од СВР Вараждин. Полицијата ја добила пријавата околу 13 часот и 40 минути.

Порталот еВараждин неофицијално дознава дека постои сомнение за убиство и самоубиство во стан лоциран во една од зградите во центарот на Иванец. Наводно се работи за лица на возраст од 30 години, и двајцата биле полицајци.

Увидот е во тек/Фото: Скриншот

Неофицијално медиумите во Хрватска пишуваат дека постои сомнение дека мажот прво ја убил својата партнерка, а потоа и себеси. Истрагате е во тек, по што ќе се знаат повеќе информации.

Пред насобраните новинари на местото на настанот кратко им се обрати началникот на полициската управа Вараждин, Предраг Бенчиќ.

„Ова е навистина трагичен настан, двајца полицајци ги загубија животите. Околностите се уште се утврдуваат, по истрагата ќе се знаат сите детали. Ова е настан кој не е запишан во историјата на СВР Вараждин и шокирани сме сите ние, сите колеги, затоа што ваков настан не се памети на просторот на нашата полициска управа“, изјави Предраг Бенчиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Владата предупреди: На штрајкувачите ќе им се исплатат само придонесите, децата и учениците треба да ни се на прво место

Следно

ВИДЕО: Мајами без мака ја совлада Атланта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian