ФОТО | Откриено зошто Владимир Путин никогаш не зборува за своите деца

3 mins read

Рускиот претседател Владимир Путин речиси никогаш не зборува за својот приватен живот, а сега на интернет почна да се шири интервју од 2020 година во кое тој ја објаснил позадината на својот избор да не изнесува детали за своето семејство.

Иако за неговите вонбрачни врски и деца со години се зборува, Путин официјално има две ќерки – Катерина Владимировна Тихонова (35) и Марија Владимировна Воронцова (36), кои ги доби со првата сопруга Људмила Путин.

Путин во интервјуто изјавил дека сака да го заштити семејството од можните безбедносни проблеми, а истото го кажал и во 2015 година.

„Никогаш не разговарам за прашања поврзани со моето семејство. Тие не се занимаваат со бизнис или со политика. На овој начин ги избегнувам можните политички притисоци што би се вршеле врз нив“, рекол  тогаш Путин, а своевремено се пофалил дека станал дедо и дека сака да поминува време со внуците.

Тој, исто така, ги пофалил вештините на своите ќерки, кои зборуваат три европски јазици, а едната зборува јапонски. И двете ќерки беа се најдоа под санкции на САД по инвазијата на Украина.

Фото : Твитер Ќерките на Путин – Катарина Владимировна Тихонова и Марија Владимировна Воронцова

Како и неговите блиски соработници, банкарските сметки на Марија и Катерина се блокирани и целиот имот во Америка е конфискуван. Во последно време сѐ почесто се споменуваат љубовниците на Путин, меѓу кои се Алина Кабаева (олимписка гимнастичарка, со која наводно има деца) и Светлана Кривоногих, поранешна хигиеничарка која сега е сопственичка на банка и милионерка.

Во 2003 година, Светлана ја роди Луиза Розова, за која се зборува дека е ќерка на Путин. По руската инвазија на Украина, Луиза доби бројни грди коментари на својот инстаграм-профил.

На социјалната мрежа ја следеле 84.000 луѓе, но во последните месеци, пред да го избрише профилот, ретко објавувала јавно на Инстаграм, па многумина се посомневале дека Путин ѝ забранил да биде активна.

Под фотографијата од октомври 2021 година, троловите ѝ рекоа дека е „ќерка на убиец, воен злосторник, психопат“, а многумина ја осудија дека уживала во луксузниот живот додека нејзиниот татко предизвикувал трагедија.

ВИДEO | Бојкот на брендот: Збеснати богати Русинки сечат Шанел ташни

ВИДЕО | „Ако ти бев мајка, ти ќе беше многу сакан“: Бизарно обраќање на актерка кон Владимир Путин

САД ги санкционира ќерките на Путин и Лавров

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ПСЖ не се откажува: Ќе го продава Нејмар само за да го задржи Мбапе

Следно

Ковачевски: Очекуваме ист пристап и реципроцитет за бугарските граѓани со македонско самосознание

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian