ФОТО | Милош Биковиќ објави прва фотографија со убавата Црногорка: Сакам да ја нервирам

2 mins read

Српскиот актер Милош Биковиќ е миленик на жените во целиот регион. По бројните љубовни врски, сега ужива во врската со убавата адвокатка од Црна Гора – Ивана Малиќ.

Порано, актерот го криеше приватниот живот, но сега своите обожаватели ги почести со прва заедничка фотографија со Ивана.

Инаку, Биковиќ често сака да се шегува на своја сметка, а неретко тоа го споделува и на социјалните мрежи, што ниту сега не беше исклучок.

Имено, актерот го промени имиџот, а тоа воопшто не ѝ се допадна на неговата девојка Ивана.

Биковиќ објавил фотографија со својата девојка Ивана на која изгледа сосема поинаку од она на што сме навикнале од него. Секогаш го гледаме свежо избричен, а сега решил да пушти мустаќи, а покрај тоа ставил и очила за да изгледа постар и посериозен. Дека ваквиот имиџ на актерот не ѝ се допаѓа на Ивана потврди и самиот Биковиќ пишувајќи:

„Понекогаш се бричам. И ги оставам мустаќите. Тоа ја нервира. Два дена ја „тролам“ така. Па отпосле се бричам.“

Актерот врската со убавата Црногорка ја започна во август минатата година. Оттогаш се неразделни. Ивана веќе објави фотографии заедно со својот избраник.

Ивана и Милош претходно беа во Москва, па секој слободен момент го поминуваат заедно.

Среќен 34-ти роденден! Дали го препознавате? Момчето од фотографијата денес е славен актер

ФОТО | Најпосакуваниот ерген е во врска со убавата адвокатка: Милош Биковиќ ужива во љубовта со Црногорката

Среќен 34-ти роденден! Дали го препознавате? Момчето од фотографијата денес е славен актер

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поради лакомоста на Рајола и Алф-Инге пропаѓа трансферот на Халанд во Манчестер сити?

Следно

Возач возел 70 километри побрзо од дозволеното, санкционирани над 240 возачи за брзо возење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian