Манекенката Никол Потуралски (29), за која се шпекулираше дека е во врска со омилениот женски актер Бред Пит (58), покажа совршена фигура во фустанот на познатата хрватска дизајнерка Матија Вуица (64).
Никол на престижен настан во Германија се појави во виолетова креација и едноставно ги остави сите присутни „без здив“.

Имено, веќе е добро познато дека на фустаните на Матија Вуица не им одолеваат големите светски ѕвезди. Нејзините креации се носени на голем број престижни настани како црвениот тепих на Оскар, но и во австралиската верзија на „Господин Совршен“. Никол е само една од низата познати дами кои блеснаа во креациите на хрватската дизајнерка.
– На престижниот #event @wmf_deutschland бевме присутни со 4 фустани, еден од нив на црвениот тепих го носеше Никол Потуралски, да речеме поранешната на Бред Пит… па така и привлече најголемо внимание…“, напишала на инстаграм-профилот Матија Вуица и објавила фотографија од згодната манекенка.
Освен поранешната на Пит, креација на Матија носеше и познатата германска актерка Бетина Цимерман (47).
За разлика од Никол, фустанот на актерката беше „позатворен“ и во црвена боја. Таа добила многу комплименти за својот изглед.
Инаку, пред две години наголемо се пишуваше за аферата на Никол и Бред. Тие беа уловени неколкупати заедно. А, интересен е фактот дека Никол е мажена со сопственик на ресторан каде што токму Бред ја запознал кога престојувал во Берлин, Германија.
По овие фотографии, сите се прашуваат – Дали новата девојка на Бред Пит се врати кај сопругот?