До 13 часот во Центар Жупа 18,17 отсто излезност

1 min read

Изборниот ден во општина Центар Жупа минува тековно, без проблеми, со зголемен процент на излезност. 

– До 13 часот правото на глас го искористиле 1286 граѓани или  18,17 отсто од вкупно запишаните 7.077 во единствениот избрачки список. Споредено со  локалните избори, од октомври  2017 година, кога излезноста во 13 часот беше 12 отсто таа сега е поголема за 6,17 отсто, изјави Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија. 

Според него, во сите 16 избирачки места изборниот ден минува без проблеми а поголема излезност се очекува во следните попладневи часови. 

Во оваа општина, каде над 60 отсто од популацијата е во некоја од западно европските земји, главно во Италија, се повторува гласањето за градоначалник, поради необезбеден цензус од 1/3 од вкупниот број гласачи. Тогаш излезноста беше 25,77 отсто. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Украинка и Русин како бегалци се венчаа во Мексико

Следно

Пожари и насилство во Шведска по десничарските протести против мигрантите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian