Циципас не ја дава титулата во Монте Карло

1 min read

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го совлада во финалето на мастерсот во Монте Карло, Акехандро Давидович Фокина во два сета со 6:3,7:6. Петтиот тенисер на АТП ранг листата со трумфот над Давидович Фокина ја одбрани титулата на мастерсот во Монте Карло освоена минатата година кога во финалето беше подобар од Андреј Рубљов.

Циципас не го започна најдобро финалето, го загуби сервисот во третиот гем, но веднаш „се разбуди“ и направи ри-брејк и израмни на 2:2. Клучниот брејк во првиот сет, Гркот го направи во осмиот гем кога поведе со 5:3 и потоа рутински го заврши сетот искористувајќи на првата од трите врзани сет топки.

Во вториот сет, двајцата направија неколку брејка на стартот, а Циципас во десеттиот гем сервираше за меч. Но, Шпанецот не се предаваше и ја искористи втората брејк топка и потоа со сигурен сервис го однесе мечот во тај-брејкот.

Во одлучувачкиот гем, Циципас направи два мини брејка и предноста ја зачува со сигурен сервис за триумф од 7:3 во тај-брејкот, што значеше одбрана на титулата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СОНК: Штрајкот ќе продолжи сѐ до постигнување договор со Владата

Следно

ФОТО | Анџелина Џоли ѝ завидува: Поранешната на Бред Пит одзема здив во креација на хрватската дизајнерка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian